За издавачи

Што е задолжителен примерок на публикации?

Доставувањето македонски задолжителен примерок заради заштита, чување и давање на користење, е работа од јавен интерес, регулирана со Закон за задолжителен примерок (“Службен весник на Република Македонија” бр. 11/94, 92/08). Задолжителниот примерок се заштитува, чува и користи според прописите за посебна заштита на предмети од посебно културно и историско значење.

Што е CIP?

CIP (Cataloguing in publication) е акроним за катaлошки опис во публикација. Тој е меѓународно препознатлив, стандардизиран библиографски опис изработен за публикацијата пред нејзиното издавање. Изработката на CIP-записот е заемна обврска на издавачите во РМ и на Библиотеката (Закон за култура, „Службен весник на РМ“, бр. 31/1998, чл. 48, 49 и бр. 49/2003). Согласно законот, НУБ “Св. Климент Охридски” - Скопје има ексклузивно право во изработувањето на CIP-записите.

Што е ISBN

ISBN систем (International Standard Book Number) е Меѓународен систем за идентификација на секоја пооделна книга (монографска публикација) со помош на бројки.

Штo e ISSN?

ISSN (International Standard Serial Number)-Меѓународен стандарден број за сериски и тековни публикации кој овозможува идентификација и контрола на сите извори во континуитет издадени на национално и интернационално ниво.

Што е ISMN

ISMN (International Standard Music Number) е меѓународен стандарден број за музика кој се користи за идентификација на печатени музикалии (партитури, штимови или елементи во мулти-медијален комплет).

Кој доделува ISМN во Република Македонија

Агенцијата за ISМN на Република Македонија во рамките на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски’’во Скопје.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846