Виртуелна библиотека на Македонија

Виртуелна библиотека на Македонија е проект за поврзување на сите видови библиотеки од Република Македонија (национална, јавни, високообразовни, универзитетски, специјализирани, училишни) во единствен национален библиотечно-информациски систем. Овој систем се гради врз платформата и истоимената програмската поддршка COBISS (Cooperative Online Bibliographic System and Services), коишто ги развива Институтот за информациски науки - ИЗУМ од Словенија.

Проектот ВБМ започна во 2002 година, со поврзување на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола, библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите и библиотеките на институтите од Природно-математичкиот факултет, кои дотогаш за автоматизација на библиотечните процеси, секој самостојно, ја користеа програмската поддршка COBISS. Но, како официјален датум се бележи 3 декември 2004 г. кога Библиотеката потпиша договор со ИЗУМ за имплементација на системот COBISS.MK во Македонија и го основа Центарот Виртуелна библиотека на Македонија (Центар ВБМ), кој ги извршува задачите на национален библиотечно-информациски сервис на овој систем.

Што е COBISS?

COBISS е организациски модел на поврзување на библиотеките во библиотечно-информациски систем со заемна каталогизација, заемна библиографско-каталошка база на податоци COBIB и локални бази на податоци на библиотеките учеснички, база на податоци за библиотеките COLIB, нормативна база на податоци CONOR, како и бројни други функции.

COBISS.SI, COBISS.SR, COBISS.MK, COBISS.BH, COBISS.CG и COBISS.BG се ознаки за автономните библиотечно-информациски системи кои се воспоставуваат во поодделни држави (Словенија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија) со сопствени заемни бази на податоци COBIB. Посебен случај е COBISS.AL како библиографски систем за евалуација на резултатите од истражувачката дејност во Албанија со заемната база на податоци COBIB.AL за водење библиографии на истражувачи. Во рамките на наведените системи, во автоматизираното работење програмската поддршка COBISS денес ја користат преку 700 библиотеки.

Повеќе за платформата и програмската поддршка COBISS можете да прочитате тука.

Што е COBISS.Net?

COBISS.Net е назив на мрежата која меѓусебно ги поврзува автономните (национални) библиотечно-информациски системи COBISS на различните држави и нивните информациски системи за истражувачка дејност. Програмската поддршка COBISS технички го овозможува преземањето на записите од која било заемна база на податоци COBIB, од каталогот OCLC (WorldCat) и од другите бази на податоци. Спогодбата за воспоставување на мрежата COBISS.Net и слободниот проток на библиографските записи коишто се создаваат во автономните библиотечно-информaциски системи на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија, беше потпишана во Белград во февруари 2003 година, а во ноември 2006 година спогодбата ја потпиша и националната библиотека на Бугарија.

Повеќе за мрежата COBISS.Net можете да прочитате тука.

За Центарот ВБМ

Центарот ВБМ е национален библиотечно-информациски сервис на системот COBISS.MK кој ги врши следните функции:

  • планирање и координирање на активностите за компјутерско поврзување на библиотеките во Република Македонија,
  • обезбедување и одржување на заедничките компјутерски и комуникациски капацитети за работа на системот и централните сервиси,
  • управување со заемната библиографско-каталошка база на податоци COBIB.MK,
  • обезбедување на програмската поддршка COBISS и корисничка документација за заемната каталогизација, локалното библиотечно работење и други сервиси за сите членки на COBISS.MK,
  • стручна помош на библиотеките при набавка, инсталирање и одржување на компјутерската опрема,
  • обука и стручна помош на библиотеките и другите корисници на програмската поддршка и сервис COBISS.МК,
  • утврдување на оспособеноста на стручните библиотечни работници за учество во заемната каталогизација,
  • стручна помош на библиотеките при конверзија и пренос на податоци од други системи.

Податоци за контакт

Помош на корисниците:

тел. +389 2 3230 151, лок. 200 (од понеделник до петок од 8.00 до 16.00 ч.)
моб. +389 75 378 031 (од понеделник до петок од 16.00 до 19.00 ч. и во сабота од 9.00 - 13.00 ч.)

ИТ-поддршка:

тел. +389 2 3230 151, лок. 201 (од понеделник до петок од 8.00 до 16.00 ч.)
моб. +389 75 378 033 (од понеделник до петок од 16.00 до 19.00 ч. и во сабота од 9.00 - 13.00 ч.)
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Раководител:

м-р Жаклина Ѓалевска
тел. +389 2 3230 151, лок. 208
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846