Дигитализација

Услуги на дигитализација

        Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје (понатаму во текстот НУБ) е институција од национално значење која завзема централно место во функционирањето и развојот на Библиотечниот систем во Република Македонија. Нејзина основна законска обврска е да набавува, истражува, собира, стручно обработува, проучува, заштитува, чува, презентира и дава на користење библиотечен материјал, а истовремено, согласно Законот за библиотеките како матична библиотека на Република Македонија, покрај другите функции, е надлежна да организира, координира и врши дигитализација на библиотечни материјали и библиотечни добра според меѓународни и национални стандарди, критериуми и технологија. 

        НУБ е и матична установа од областа на заштитата на библиотечни добра и овластен субјект за заштита на фонотечни добра. Според тоа, НУБ претставува дел од информациската инфраструктура на државата и преку своите функции придонесува за развојот на образованието, културата, науката и посредно за развојот на целокупното општество.

        Основни операции во процесот на дигитализација на библиотечен материјал се: скенирање, дигитално фотографирање, скенирање и конвертирање на микроформи во дигитална форма, дигитализација на аудио и видео материјали, доделување на метаподатоци на дигитален објект, обработка во OCR (Optical character recognition) софтвер за препознавање на текст и XML (Extensible Markup Language) датотека за пребарување на колекции и целосна контрола на дигитализираниот материјал, проверка на валидноста на објектот и квалитетот на материјалот кој се скенира, точноста на метаподатоци , архивирање, обработка и организирање на дигитализираните објекти во папки и изработка на електронско пребарување на базата на податоци по повеќе основи на DLIB.

Одделението за дигитализација  ги врши следните услуги на дигитализација:

  1. Дигитализирање, обработка и создавање на архивска копија сиви тонови/боја со резолуција 300/600 dpi во формат CR2/TIFF со размер на страница А2,А3 и А4.
  2. Дигитализирање, обработка и создавање на корисничка копија сиви тонови/боја со резолуција 72 dpi во формат JPEG со размер на страница А2,А3 и А4 ;
  3. Обработка и создавање на корисничка копија (електронска книга) сиви тонови/боја 72 dpi во формат PDF со размер на страница А2,А3 и А4.
  4. Останато.

        Времетраењето на процесот на дигитализацијата изнесува 15 (петнаесет) работни дена од денот на поднесување на барањето за дигитализација до Одделението за дигитализација, а во зависност од обемот на материјалите, времетраењето може да се продолжи до 30 (триесет) работни дена. НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје го задржува правото за промена на времетраењето на процесот на дигитализацијата поради настанати објективни причини. НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје е должен за тоа да го извести барателот.

 
Документи:

1. Правилник за стандарди и постапки во процесот на дигитализација во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје

2. Стратегија за дигитализација, дигитално архивирање и управување со дигиталните објекти

 
Формулари :

1. Формулар за барање за дигитализација во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје (pdf)

2. Формулар за барање за дигитализација во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје (word)

 
Ценовник за користење на услигите на дигитализација 
 
Работно време:

понеделник до петок
8:00 до 16:00 часот

 
Одговорно лице:

Милица Ивановска

 

е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

   

 

 

 

              

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846