Со „Омаж за едно раѓање и едно умирање“ Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе ги одбележи јубилејните датуми, 90 години од раѓањето на Томе Арсовски и 15 години од смртта на Димитар Солев.
Манифестацијата ќе се одржи на 24. септември (понеделник) 2018 г., хол на НУБ.
Го очекуваме вашето присуство.
Централната прослава на јубилејот - 70 години од основањето на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и одбележувањето на патрониот празник на институцијата, ќе се одржи на 5.12.2014 година (петок).
Прославата ќе почне во 11.00 часот со положување цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски (пред Библиотеката), а хорот „Хармосини“ ќе ја исполни композицијата „Тропар на свети Климент Охридски“, со што ќе биде оддадена почит на патронот на НУБ „Св. Климент Охридски“.
Во рамки на прославата и во контекст на 70-годишниот јубилеј, за досегашниот придонес на Библиотеката во општествениот развој на државата, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе ѝ додели Орден за заслуги за Македонија на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
На 29 мај во 12:00 часот, во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе биде отворена несекојдневна мултимедијална изложба насловена СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ со која ќе се одбележи јубилејот 200 години од првообјавената збирка бајки на Браќата Грим.
Поминувајќи низ седум станици, секој посетител ќе може да ги види најзначајните мотиви од германските бајки. Преку елементи за слушање, гледање и интеракција ќе може да се проследат магиите и волшебствата, принцезите, животните и познатите херои од бајките.