Германскиот научник Леонард Шулце Јена (1872-1955 г.) е најтемелниот истражувач на Македонија во првите децении на XX век, а неговата книга претставува најдеталната книга досега напишана од странец за Македонија. Таа е првата вистинска научна монографија за Македонија, која пак е проучена од повеќе аспекти во својата географска и национална целина. Иако ја истражувал по нејзината поделба (во 1917, 1918 и во 1922 година), Шулце Јена ја третира Македонија исклучиво како природна и национална целина. Ја проучува во географска, геолошка, етнографска, етнолошка и стопанска смисла. Настапува и како етнолингвист, истражувајќи ја компаративно македонската лексика, а како картограф изработува географска карта на Македонија, аргументирано утврдувајќи ги нејзините граници. Се претставува и како врвен етнограф, зоолог, антрополог... „Кога расправа за долини и планински масиви, тој е целосно географ; штом се работи за растенија и за животни, тогаш тој настапува како зоолог и ботаничар, или како етнограф кога опишува куќи и носии, или како историчар кој посветено се занимава со историјата на Балканот и на Македонија. И се јавува уште во неколку слични улоги. Последните 25 страници од неговата книга се посветени на сообраќајот во Македонија, од најраните времиња дури до современоста. Сето тоа е мошне интересно и го објаснува успехот на книгата која до ден-денес не е заборавена, зашто книгата содржи и една вистинска светска премиера – таа е и првиот речник на македонскиот јазик напишан врз основа на сопствени истражувања од германскиот научник Леонард Шулце Јена“, пишува проф. д-р Волф Ошлис во предговорот на книгата.

Објавено во Прес

Во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје беа промовирани новите 60 наслови од едицијата “Ѕвезди на светската книжевност”. Досега се објавени 269 од предвидените 560 книги од капиталниот проект на Владата на Република Македонија. До крајот на оваа или почетокот на 2015 се планира заокружување на целиот проект кој почна пред две години.

Објавено во Прес

Промоција на „Театарски согледби“

Понеделник, 21 Јануари 2013 09:24

Промоцијата на најновиот наслов на авторот Љубомир Груевски „Театарски согледби“, ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “ – Скопје, на 22 јануари (вторник) во 12:00 часот. „Театарски согледби“ e одраз на ентузијазмот на авторот и неговата долгогодишна љубов врзана за театарот и критичкото бележење на театарските случувања.

Љубомир Груевски е поет, театарски критичар и преведувач, автор на десетина наслови и добитник на повеќе меѓународни награди за поезија.

Објавено во Прес

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје и издавателството „Макавеј“ имаат чест да ве поканат на

ПРОМОЦИЈА на Избраните дела од Санде Стојчевски

Промотори: Катица Ќулафкова и Раде Силјан

Актерска интерпретација: Томе Витанов

Поздравни обраќања: Миле Бошески, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје
и Бранко Цветкоски, директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Промоцијата ќе се оддржи на 6 ноември (вторник), во 12 часот во просториите на НУБ

Објавено во Изложби
Страница 2 од 2

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846