На 18 и 19 септември 2018 година (од 09:00 - регистрација), Претставништвото на Россотрудничество во Скопје и Russia.Study (Агенција за соработка во образованието), со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе организираат саем-презентација на водечките руски високообразовни институции - „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“.

За учество неопходна е претходна регистрација: 
https://clck.ru/EFW2p Влезот е слободен.

Посетителите на настанот ќе можат да се информираат за програмите за повишување на степенот на квалификација во руските високообразовни институции, завршување на второ високо образование и условите за запишување и обука на магистерски студии. Може да добијат информации и за тоа како е организиран системот на образование во Русија, кои се предностите кои ги добиваат странските студенти и како да се аплицира во програмата за стипендии на руската влада, за бесплатно образование во Русија.

На саемот ќе учествуваат претставници на водечките руски институти и универзитети, од повеќе наставно-научни области и специјалности: хуманистички, технички, физичко-математички, природно-научни. Програмите и условите за студирање ќе ги презентираат проректорите на образовните институции и раководителите на организационите единици одговорни за меѓународна соработка и обука на странски студенти.

Ги покануваме претставниците на медиумите и образовните институции, матурантите, студентите и младите научници, посетителите и наставниците на курсевите за изучување на руски јазик, како и сите заинтересирани, да го посетат саемот.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846