Порака од проф. д-р Иван Џепароски, филозоф и поет по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – УНЕСКО 23 април 2017
КНИГАТА, БИБЛИОТЕКАТА И МЕМОРИЈАТА
При отворањето на новоизградената Bibliotheca Alexandrina во прочуеното египетско пристаниште Александрија на 1 ноември 2003 година, италијанскиот естетичар, прочуениот „Павароти на семиотиката“, теоретичарот на културата и култниот автор на постмодернистичкиот книжевен бестселер „Името на розата“, славниот Умберто Еко (Umberto Eco), го одржал своето предавање под сигнификантен наслов: „Растителната и минералната меморија: иднината на книгите“.
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје свечено се одбележа 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право. По овој повод, а во чест на 1100-годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски и 400-годишнината од смртта на Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, беше подготвена богата програма.
Во поздравната реч директорот на Библиотеката д-р Иван К. Заров, порача, дека со чествувањето на книгата се чествува колективната историска меморија на човештвото. За св. Климент Охридски истакна дека е личност која со силата на сопствениот творечки гениј ги пренесува, синтетизира и издигнува, на повисоко ниво, идеите на византиската цивилизација на старословенски јазик, воведувајќи го словенскиот род во семејството на цивилизирани европски народи.