Посетителите на ватиканските музеи од целиот свет, од 22 мај до 7 јуни 2014 г., имаат можност да ја разгледаат ексклузивната изложба „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“ и да се запознаат со остатоците од една древна писмена традиција, на чии темели е вградена дејноста на двајца од најзначајните Кирилометодиеви ученици и учесници во Моравската мисија - светите Климент и Наум Охридски. Изложбата е дел од манифестацијата Македонија во чест на свети Кирил во Ватикан и одбележувањето на 20-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Светата Столица. Таа е во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, која за оваа намена подготви и каталог. Каталогот изобилува со фотографии од ракописите во боја, а текстот е на македонски, италијански и англиски јазик со што овозможува сите заинтересирани подетално да се запознаат со илјадагодишната писмена традиција како дел од културното и духовно наследство на Македонија. Ракописите се сместени во специјално изработени витрини за оваа намена и се поставени во прекрасно осмислен простор на ватиканските музеи.

Објавено во Изложби

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846