СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Среда, 21 Март 2018 13:27

Во духот на убавата и долга традиција, денес (21 март 2018 г./среда), во 13 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе настапат дваесетина поети - членови на Македонскиот ПЕН центар, а послание за поезијата ќе упати проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска.

Објавено во Прес

Италијанскиот амбасадор во Република Македонија, н.е. Карло Ромео, на 16.3 оствари средба со директорката Сенка Наумовска на која беше договорена изложбата "Dove il si suona. Viaggio attraverso di lingua italiana", за историјата на италијанскиот јазик, која ќе биде поставена во НУБ во октомври 2018 г.

Објавено во Изложби

Маратон во читање

Петок, 16 Март 2018 14:34

Објавено во Прес

Изборот за „Роман на годината“

Четврток, 15 Март 2018 14:09

Денес, во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, беше објавен изборот за „Роман на годината“.

„Одбројување“ на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.
Одлуката ја донесе жири во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Ристо Лазаров, писател, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Според образложението на жирито, романот „Одбројување“ претставува ненаметливо раскажана потресна семејна драма од современото скопско секојдневие.

– Приказната е структурирана во три дела, каде низ постојани флешбекови на внатрешен монолог, неименуваната нараторка, која е и централен протагонист во делото, ни ја открива незавидната положба – заглавена со својот бесправедно љубоморен, параноичен маж со очигледно душевно нарушување, кое никој од блиското семејство не сака да го прифати или препознае, се наведува, меѓу другото, во образложението на членовите на жирито.

Тие го избраа романот на Пармаковска меѓу 27 пристигнати романи, а финалисти на наградата беа и романите „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, издание на „Готен“, и „Диссомнии“ на Игор Станојоски, издание на „Антолог“.

„Одбројување“ е трет роман на Пармаковска која дипломирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Културолошките студии при Институт за македонска литература. Таа е авторка и на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ и „Вишнова хроника“.

Наградата „Роман на годината“ од 1999 до минатата година ја доделуваше згаснатиот „Утрински весник“.

 

Објавено во Прес

Во среда, 14 март, во НУБ ќе биде промовирано македонското издание на делото „Тајните за супермеморија“ од израелскиот автор Еран Кац, кој ќе одржи предавање за своите техники. Почетокот е закажан во 12 часот. Ве очекуваме!

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846