Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ што ќе се одржи на 29 јуни, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе одбележи два заначајни јубилејни датуми на Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неогвата смрт.

Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички кои Рацин ги испраќал до Раца искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски. Присутните ќе го проследат музичкиот перформанс на Васко Атанасоски (Bernays Propaganda) и документарниот филм „Бели мугри“.

Во оваа прилика се заблагодаруваме на колегите од Архивот на МАНУ кои ни ги позајмија оригиналните картички на Рацин, како и на Кинотека на Македонија, за копијата на филмот Бели мугри.

Перформансот ќе се одржи на платото пред НУБ, на 29 јуни (петок) во 20. часот. Ве очекуваме!!!

Објавено во Изложби

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846