Ресоцијализацијата во општеството, вклучително и на осудените лица, е важен предизвик за сите нас...

Ние како општество сме должни, по вашето напуштање на овие казнено-поправни установи, да обезбедиме услови за ваше постепено враќање во социјалните структури на општеството, да создадеме можности за подобар живот за вас, но и за вашите семејства“, истакна министерот за култура Асаф Адеми вечерва, пред почетокот на концертот кој беше организиран за лицата лишени од слобода во казнено-поправната установа Затвор Скопје и беа донирани книги од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Министерството за култура заедно со националните установи од областа на културата реализираше една поширока акција со повеќе културни активности за ресоцијализација и едукација, настани кои се одвиваа како дел од Меморандумот за соработка, кој Министерството за култура го потпиша заедно со Затворот Скопје. 
Министерот за култура посочи дека Министерството за култура и во иднина преку своите национални установи, во рамките на своите надлежности, стои на располагање, на казнено-поправните установи да им понуди културни содржини од различен вид. Директорката на НУБ, др. спец. Сенка Наумовска покрај донацијата на книги (која е трета донација за КПУ во нејзиниот мандат) ќе овозможи и дополнителни библиотечни активности за примерните затвореници.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846