Учествувајте со ваши фотографии на изложба на Europeana Collections.
На почетокот на оваа година учествувавме во една изложба која прикажува стари разгледници од Република Македонија. Оваа изложба ги славеше убавите градови, предели и региони од Југоисточна Европа.
Разгледниците ни прикажуваат една носталгична слика од Југоисточна Европа. Би сакале да видиме како тие места од изложбата изгледаат денес.
Посетете ја изложбата Picture This! за да видите точно кои места и културни знаменотости ги бара Европеана.
Културни знаменотости кои ги бара Европеана, а се во Македонија: фотографија 1, 2, 3.
Наскоро......
Конкурс за најдобра фотографија !!!
Националните библиотеки на Југоисточна Европа и Европеана ви подготвуваат изненадување... Информирајте се навреме!!! Посетувајте ја веб страната на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје www.nubsk.edu.mk за да дознаете повеќе информации. И, не пропуштајте да го следите нашиот фејсбук профил Национална и универзитетска библиотека.