САМРАК НА ЧОВЕШТВОТО/САМРАК НА ВИСТИНАТА:

експресионизмот во книжевностите од германското јазично подрачје

                                      шести настан од серијата

                                „Денови на светската книжевност“

                            во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

На 26.4.2016 г. (вторник), со почеток во 12 часот, во Центарот за конференции и студии ќе се одржи шестиот настан во рамки на серијата културни настани „Денови на светската книжевност“ во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.Настанот е насловен „Самрак на човештвото/Самрак на вистината“ и ќе биде посветен на експресионизмот во книжевностите од германското јазично подрачје.

Објавено во Прес

 Четврт настан: „На двете страни од океанот: литература по(д) диктатура“  посветен на шпанската и јужноамериканската книжевност

Како што веќе најавивме, во текот на целата 2016 година во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна издавачка продукција и од капиталните проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и други манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации. Планираните програмски активности се во функција на популаризација на македонската книжевност и на преводите од светската книжевност, на богатата и разновидна издавачка продукција во Република Македонија и на новите публикации.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846