ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

Среда, 02 Март 2016 12:53

ДЕН НА ЧИТАТЕЛОТ

10 март (четврток) во 11,00 часот

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, оваа година за првпат ја организира манифестацијата „Ден на читателот“ што ќе биде целосно посветена на читателите во Република Македонија.

Објавено во Прес

Германија в куфер

Петок, 26 Февруари 2016 14:40

Мини изложба

Германска читалница Скопје при НУБ „Св.Климент Охридски“- Скопје

Висока технологија и кич, лаптоп и кожени пантолони: Германија е разновидна!

Дали е возможно Германија и германскиот јазик да се спакуваат во два куфери?  Да, возможно е!  Притоа има многу што да се открие: џуџиња, стаклени кугли, квиз прашања за градовите, фотографии закачени на дрво и мислења на многу луѓе, изненадувачки одговори на често поставувани прашања, тајни фиоки, мистериозна дланка, љубовни поеми, песни, куси филмови и други презентации!

Влез слободен, потребна е претходна најава на групи (Договарање на термин, PDF)

Германска читалница тел.: ++ 389 2 31 23 349

Објавено во Прес

Почитувани,

Ни претставува чест и задоволство да Ве информираме дека Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, продолжува со серијата настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата.

 НУБ Св. „Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје ве покануваат на вториот настан од серијата „Денови на светската книжевност“, насловен „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“, кој ќе се одржи на 29.2.2016 г. (понеделник) со почеток во 13 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ.

Објавено во Прес

         Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, започнува со организирање серија настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата.

         Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“ го организираме во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е насловен „Празникот на пролетта во кинеската книжевност“. Осврт за значењето на овој празник и за антологиските поетски творби инспирирани од него ќе има Игор Радев. Настанот ќе се одржи на 24.2.2016 г. (среда) со почеток во 12 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Објавено во Прес

Драги корисници, 

Германската читалница во Скопје е библиотека партнер на Гете-Институт Солун.

Тука ќе најдете актуелни информации за Германија, нејзината култура, јазик и општество во печатените и аудио материјалите, како и ДВД  и онлајн-понудите.

Ве молиме пополнетиот прашалник да го испратите на  е-поштата на Германската читалница: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  АНКЕТА НА КОРИСНИЦИ (ЛИНК ДО ФОРМУЛАР-АНКЕТА), NUTZERUMFRAGE  (ЛИНК ДО ФОРМУЛАР-АНКЕТА)

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846