Денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, директорката на библиотеката, Сенка Наумовска и ректорот на Универзитетот Aмерикан Колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев, потпишаа Меморандум за разбирање и соработка. Со овој Меморандум отпочнува соработка меѓу овие две институции со цел изведување практична настава за студентите од Универзитетот Американ Колеџ, како и обука, продлабочување на знаењата, размена на наставен и стручен кадар, како и размена на информации и искуства за истражувања, научни собири, развојни и други проекти од заеднички интерес. Директорката и ректорот искажаа подготвеност за размена на наставници, соработници и други стручни лица во вршењето на наставно-образовниот процес на додипломските и постдипломските студии на Универзитетот, како и во рамки на работата на НУБ.
Координативниот центар за културна соработка што се отвори вечерва во НУБ ќе ги координира активностите во културата помеѓу НР Кина и земјите-членки на Инцијативата 16, ќе ги презентира културата на НР Кина и на земјите од ЦИЕ, а ќе иницира и заеднички меѓународни платформи на соработка и поврзување на културите на земјите-членки на Процесот 16 + 1. Освен на културните настани, Центарот ќе биде фокусиран на комуницирање и вмрежување со претставници од областа на културата на Кина и на земјите од ЦИЕ, состаноци со експерти и културни работници, собирање, уредување, објавување и дистрибуирање информации поврзани со промовирање на културните врски меѓу Кина и земјите од ЦИЕ.
![]() |
![]() |
![]() |
НУБ и Националната академска бибилиотека од Казахстан во Астана потпишаа меморандум за соработка. Формирано е Казахстанско катче со 200 книги на казашки, руски и англиски јазик кои ќе бидат на слободен пристап за читателите. Соработката започна во 2016 г. кога беше отворено Македоснко катче во Казахстанската библиотека. Книгите ја претставуваат културата, историјата и обичаите на Казахстан.
![]() |
![]() |
На 17 и 18 септември, Миле Бошески, директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Република Македонија, со своите соработници ја посети Националната библиотека Сечењи и Националната библиотека за странска литература во Будимпешта, Унгарија и со директорите на овие библиотеки потпиша Договори за соработка. Тоа подразбира проширување на меѓусебната соработка преку размена на стручен кадар од областа на библитекарството и информациските науки и размена на искуства, учество во меѓународни проекти и организирање културни манифестации за приближување и запознавање на културите на двата народа. Македонската Национална библиотека на двете библиотеки им подари по еден комплет од „130 тома македонска книжевност“.
(22 јуни 2012 г.)
Миле Бошески и Томас Дикхаус, директорите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и на Гете Институт, Канцеларија за врски, Скопје, потпишаа Договор за понатамошно функционирање на Германската читалница во рамките на Библиотеката.
Во оваа пригода на директорот Миле Бошески му беше врачена благодарница во форма на плакета со ликот на Волфганг Гете во знак на благодарност за извонредната соработка и успешното функционирање на Читалницата, што беше оценето при евалуацијата на Германските читалници во Југоисточна Европа, а соопштено од Герлинде Бук, раководител на Одделот за Библиотека и информации.