44. Годишно собрание на БЗМ

Среда, 15 Ноември 2017 13:37

Библиотекарското здружение на Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Македонските е-библиотеки, во рамките на 44. Годишно собрание, организираат меѓународна конференција „Корисникот и библиотеката - минато и иднина“, која ќе се одржи од 16 до 17 ноември 2017 г. во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Објавено во Изложби

На 9 ноември (четврток) во 14:00 часот во изложбениот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе биде отворена патувачката изложба Книги, правци и публика : од фондовите на Националната библиотека на Бугарија, подготвена од одговорните на збирките „Ракописи и старопечатени книги“, „Ориентална збирка“ и Бугарски историски архив“ од бугарската библиотека.

Изложбата ја организираме во рамки на средбата на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа и како резултат на договорот за соработка потпишан меѓу двете библиотеки. 

Објавено во Изложби

Република Македонија годинава ќе биде земја-домаќин на 6-та Конференција на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа што ќе ја организира Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со поддршка на Министерството за култура.

Конференцијата ќе се одржи на 8 и 9 ноември 2017 г. во НУБ „Св. Климент Охридски“. Директорите на националните библиотеки на Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе дискутираат за можностите за размена на дигитални објекти, вклучување со заеднички активности во рамки на Европската година на културното наследство - 2018, а исто така ќе бидат разменети информации за актуелни и нови проекти.

Објавено во Изложби

Центар на книгата, КејптаунВо Кејптаун, во Јужноафриканската Република, од 15 до 22 aвгуст 2015 г., се одржа 81-та конференција на Меѓународната федерација на библиотекарски асоцијации (IFLA). Во своето поздравно обраќање пред повеќе од 2000 гости и учесници, во Конференцискиот центар на Кејптаун, претседателката на IFLA, г-ѓа Синика Сипила, ја искажа својата благодарност и воедно упати признание за развојот на библиотечната дејност на Африканскиот континент. Темата на овогодишната конференција беше Динамични библиотеки: пристап, развој и трансформација. Претседателката Синика ја истакна улогата на библиотеките во градењето силни граѓански општества, јакнењето на демократијата, како и борбата со сиромаштијата, невработеноста и незнаењето.

Објавено во Прес

ЦЕНЛ парламентВо Берн, во зградата на швајцарскиот парламент, во организација на Швајцарската национална библиотека, на 18 и 19 мај се одржа 29-та Конференција на националните библиотеки од Европа - CENL (Conference of European National Libraries). Република Македонија беше претставена од директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, д-р Иван К. Заров.

Објавено во Прес
Страница 1 од 2

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846