Вовед во EconBiz Open

Среда, 29 Мај 2013 12:34

(база на податоци од областа на економските науки)

На 31 мај (петок) 2013 г., 14:30 – 15:30 ч., Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Југоисточниот Европски Универзитет од Тетово организираат работилница за практично користење на EconBiz Open базата на податоци во Центарот за конференции и студии, при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Објавено во Прес

Светот на бајките

Вторник, 28 Мај 2013 10:14

На 29 мај во 12:00 часот, во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе биде отворена несекојдневна мултимедијална изложба насловена СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ со која ќе се одбележи јубилејот 200 години од првообјавената збирка бајки на Браќата Грим.

Поминувајќи низ седум станици, секој посетител ќе може да ги види најзначајните мотиви од германските бајки. Преку елементи за слушање, гледање и интеракција ќе може да се проследат магиите и волшебствата, принцезите, животните и познатите херои од бајките.

Објавено во Изложби

На 28 март 2013, делегација од Југозападниот универзитет за финансии и економија во Шенгду, Кина во состав, проф. Дан Јанг, проректор, проф. Шижонг Денг, заменик декан на Школата за меѓународно образование и г-а Тинг Лианг, заменик директор во Канцеларијата за односи со јавност, ја посети Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје при што оствари средба со директорот Миле Бошески, на која се разговараше за можна соработка во блиска иднина. Делегацијата го посети и Домот на кинеска култура што функционира во рамките на Библиотеката.

Објавено во Прес

Светски ден на пoезијата

Среда, 20 Март 2013 16:14

Во духот на убавата и долга традиција, Македонскиот ПЕН центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со задоволство Ве покануваат заедно да го одбележиме CBETCKИOT ДЕН HA ПOE3ИJATA.

Bo четврток, нa 21 мapт 2013, во 12 чacoт, во Haционалната и yнивepзитeтска библиoтeкa „Cв. Kлимeнт Oxридски“ во Скoпje ќe нacтaпaт пoeти - членови на Македонскиот ПEH, a пoслaниe ќе yпaти Веле Смилевски.

Објавено во Настани

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје која за цел има заштита и претставување на културното богатсво од денес ја пушта во употреба новата преуредена страна „Средновековни словенски ракописи во Македонија“.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846