Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Институтот „Јунус Емре“, со поддршка на Централната банка на Република Турција, извршија дигитизација на ракописите и ракописните книги од Збирката ориентални ракописи и ретки публикации на Библиотеката кои датираат од Отоманскиот период, како и конзервација и реставрација на оштетените материјали.

Учеството на НУБ „Св.Климент Охридски” - Скопје како соработник во проектот беше определено со потпишување на Протокол за соработка помеѓу Институтот “Јунус Емре” од Анкара, Република Турција и Библиотеката. Во него беа дефинирани видот, временската рамка и распоредот на активностите во рамките на проектот.

Објавено во Изложби

Ве известуваме дека во октомври и ноември Националната и универзитетска библиотека ќе ги одржи основните курсеви за библиотечно работење.

Доколку сте заинтересирани за учество на некој од овие курсеви, пријавете се најдоцна до 1.10.2013 г.

Тука можете да го видите Распоредот на термини и да го преземете Образецот на пријавата.

За повеќе информации јавете се на 02 / 3115 177, лок. 156.

Објавено во Прес

Денови на македонската култура

Понеделник, 09 Септември 2013 09:42

Во рамките на потпишаниот договор за соработка меѓу Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Република Македонија и Народната библиотека на Србија во Белград, во сегментот за зајакнување и интензивирање на соработката меѓу двете библиотеки, на 5. и 6. септември 2013 год. во Народната библиотека на Србија се организираше дводневна манифестација насловена Денови на македонската култура, со што македонската страна ја одбележа 22. годишнина на независноста на Република Македонија.

Објавено во Изложби

Вовед во EconBiz Open

Среда, 29 Мај 2013 12:34

(база на податоци од областа на економските науки)

На 31 мај (петок) 2013 г., 14:30 – 15:30 ч., Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Југоисточниот Европски Универзитет од Тетово организираат работилница за практично користење на EconBiz Open базата на податоци во Центарот за конференции и студии, при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Објавено во Прес

Светот на бајките

Вторник, 28 Мај 2013 10:14

На 29 мај во 12:00 часот, во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе биде отворена несекојдневна мултимедијална изложба насловена СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ со која ќе се одбележи јубилејот 200 години од првообјавената збирка бајки на Браќата Грим.

Поминувајќи низ седум станици, секој посетител ќе може да ги види најзначајните мотиви од германските бајки. Преку елементи за слушање, гледање и интеракција ќе може да се проследат магиите и волшебствата, принцезите, животните и познатите херои од бајките.

Објавено во Изложби

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846