На 9 ноември (четврток) во 14:00 часот во изложбениот хол на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе биде отворена патувачката изложба Книги, правци и публика : од фондовите на Националната библиотека на Бугарија, подготвена од одговорните на збирките „Ракописи и старопечатени книги“, „Ориентална збирка“ и Бугарски историски архив“ од бугарската библиотека.

Изложбата ја организираме во рамки на средбата на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа и како резултат на договорот за соработка потпишан меѓу двете библиотеки. 

Објавено во Изложби

Република Македонија годинава ќе биде земја-домаќин на 6-та Конференција на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа што ќе ја организира Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со поддршка на Министерството за култура.

Конференцијата ќе се одржи на 8 и 9 ноември 2017 г. во НУБ „Св. Климент Охридски“. Директорите на националните библиотеки на Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе дискутираат за можностите за размена на дигитални објекти, вклучување со заеднички активности во рамки на Европската година на културното наследство - 2018, а исто така ќе бидат разменети информации за актуелни и нови проекти.

Објавено во Изложби

 

Два проекти од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје поддржани од Конференцијата на европските национални библиотеки (CENL).

Во рамки на програмата „РАЗМЕНА НА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊЕ“ поддржана од Конференцијата на европските национални библиотеки, библиотекари од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе остварат стручни престои во националните библиотеки на Бугарија и Словенија.

 

Објавено во Прес

 

Повик за натпревар!

Учествувајте со ваши фотографии на изложба на Europeana Collections.

На почетокот на оваа година учествувавме во една изложба која прикажува стари разгледници од Република Македонија. Оваа изложба ги славеше  убавите градови, предели и региони од Југоисточна Европа.

Разгледниците ни прикажуваат една носталгична слика од Југоисточна Европа. Би сакале да видиме како тие места од изложбата изгледаат денес.

Посетете ја изложбата Picture This!  за да видите точно кои места и културни знаменотости ги бара Европеана.

Културни знаменотости кои ги бара Европеана, а се во Македонија: фотографија 1, 2, 3.

 

Објавено во Прес

Наскоро......

Конкурс за најдобра фотографија !!!

Националните библиотеки на Југоисточна Европа и Европеана ви подготвуваат изненадување... Информирајте се навреме!!! Посетувајте ја веб страната на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје www.nubsk.edu.mk за да дознаете повеќе информации. И, не пропуштајте да го следите нашиот фејсбук профил Национална и универзитетска библиотека.

 

 

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846