Со репрезентативна изложба на книги, преведени од македонски на хрватски јазик, авторско претставување на македонските писатели Блаже Миневски, Лидија Димковска и Владимир Илиевски, како и со богата  и содржајна дискусија на тркалезната маса посветена на преводот и преведувањето, односно можностите за збогатување на фондот на преведени дела од македонски на хрватски јазик и обратно, вчера во Загреб завршија Деновите на македонската книжевност во Хрватска.

Објавено во Прес

   Делегација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје предводена од директорот, д-р Иван К. Заров, ќе престојува во дводневна официјална посета (5 и 6 октомври 2015 г.) на Националната и универзитетска библиотека во Загреб, Хрватска при што директорот Заров ќе оствари работна средба со д-р Татијана Петриќ, новоименуваната директорка на Хрватската национална библиотека и ќе присуствува на манифестацијата Денови на македонската книжевност во Хрватска, која опфаќа  репрезантативна изложба на книги преведени од македонски на хрватски јазик во периодот од 1990 до 2015 г., со гостување и настап на тројца македонски писатели, и тркалезна маса посветена на преводот и преведувањето, како и на можностите за збогатување на фондот на  преведени дела од македонски на хрватски јазик и обратно.

Објавено во Прес

   Лекторката од Германија (ДААД), Мајке Грезер ќе одржи презентација за можностите  за студирање во Германија, како и начинот и програмите за аплицирање за студиска стипендија во Германија преку Германската служба за академска размена. Лекторката е на располагање за сите прашања во врска со студентскиот  живот во Германија.  

Германска читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје на 01.10.2015 година, четврток, од 16.00 часот . 

https://www.facebook.com/events/404300423096756

http://daadskopje.blogspot.mk

 

 

           

                                

Објавено во Прес

   На покана на д-р Катарина Криштофова, директор на Националната библиотека на Словачка со седиште во градот Мартин, делегација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, предводена од директорот д-р Иван К. Заров, на 17 и 18 септември 2015 година ќе оствари посета и ќе присуствува на свеченоста организирана по повод прославата на 200-годишниот јубилеј од раѓањето на Људовит Штур, значајна фигура од словачката национална историја - водач на словачката национална преродба и кодификатор на словачкиот јазик. 

Објавено во Прес
Страница 10 од 10

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846