Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Рускиот центар

при УКИМ имаат чест да Ве поканат на промоцијата на книгата „Русизмите во
македонскиот литературен јазик“ на професорката Нина Чундева.

Промотори на монографијата ќе бидат д-р Емил Ниами, проф. д-р Катерина Велјановска и
проф. д-р Красимира Илиевска.

Настанот ќе биде збогатен и со свечено наградување на професорката Чундева со
Пушкинскиот медал кој го доделува претседателот на Руската Федерација на странски
државјани кои оставиле трајни вредности во образованието и руската култура. Медалот ќе го додели амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег
Николаевич Шчербак.

Петок, 22.12.2017 во 12:30 часот, НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје

 

Објавено во Прес

„Минијатура за Кина“ - преформанс

Четврток, 21 Декември 2017 14:57

„Минијатура за Кина“ - преформанс инспириран од древната кинеска легенда за Пангу и содавањето на светот. Голема благодарност до професорката Кери Невзати, нејзиниот креативен тим и студенти за инспиративната интерпретација на кинеската митологија и музика во еден од холовите во НУБ.

 

Објавено во Изложби

НУБ и Националната академска бибилиотека од Казахстан во Астана потпишаа меморандум за соработка. Формирано е Казахстанско катче со 200 книги на казашки, руски и англиски јазик кои ќе бидат на слободен пристап за читателите. Соработката започна во 2016 г. кога беше отворено Македоснко катче во Казахстанската библиотека. Книгите ја претставуваат културата, историјата и обичаите на Казахстан.

Објавено во Прес

Втора седница на Советот на COBISS.Net

Понеделник, 04 Декември 2017 14:37

На 30.11.2017 година во Институтот за информациски науки - ИЗУМ во Марибор, Словенија, се одржа 2. Седница на Советот на COBISS.Net, на која учествуваа претставници од НУБ и директорката Сенка Наумовска. 

Советот на COBISS.Net е основан минатата година и него го сочинуваат директорите на националните библиотеки и раководителите на нациионалните COBISS-центри од државите-членки во мрежата COBISS.Net, како и претставници од министерства и агенции одговорни за водење на системите E-CRIS.
На седницата се дискутираше за досегашните активности во врска со развојот и финансирањето на проектот COBISS.Net, можностите за нивно интензивирање, како и преземање активности за поголемо вклучување на министерствата за култура, образование и наука во развојот на мрежата COBISS.Net во секоја од земјите членки. Беа најавени активности за имплементација на нови апликации во COBISS во текот на 2018 година, апликациите COBISS+ и mCOBISS, и се разговараше за интензивирање на вклучувањето на библиотеките во мрежата COBISS.Net, со посебен осврт на школските библиотеки.

 

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846