Со задоволство Ве информираме дека на 24 јуни (петок) о.г. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе бидe домаќин на петчлена делегација од Националната библиотека на Народна Република Кина, во состав: г. Чен Ли, заменик извршен директор на Националната библиотека на Кина, г-ѓа Ма Џинг, заменик директор за меѓународна соработка, г. Шје Чјанг, заменик директор на секторот за општи работи и управување, г-ѓа Ванг Јанг, заменик директор за набавка на библиотечен материјал и обработка, г. Хао Џинмин, библиотекар во  меѓународна соработка.

Објавено во Прес

Во организација на Австриската национална библиотека, на 30 и на 31 мај о. г., во Виена, се одржа 30-тата Конференција на директорите на националните библиотеки од Европа CENL (Conference of European National Libraries). Директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Скопје, д-р Иван К. Заров, ја претставуваше Република Македонија.

Објавено во Прес

Утре (31.5.2016 г./вторник), со почеток во 12 часот, во Центарот за конференции и студии ќе се одржи седмиот настан во рамки на серијата културни настани „Денови на светската книжевност“ во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Настанот е насловен „100 ГОДИНИ ДАДАИЗАМ - РАЃАЊЕ НА АВАНГАРДНИОТ РОМАН“ и ќе биде посветен на француската книжевност.

На творечките принципи на дадаистите и авангардниот роман ќе се осврне книжевниот критичар, теоретичар и писател Данило Коцевски.

Објавено во Прес

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје свечено се одбележа 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право. По овој повод, а во чест на 1100-годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски и 400-годишнината од смртта на Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, беше подготвена  богата програма.

 Во поздравната реч директорот на Библиотеката д-р Иван К. Заров, порача, дека со чествувањето на книгата се чествува колективната историска меморија на човештвото. За св. Климент Охридски истакна дека е личност која со силата на сопствениот творечки гениј ги пренесува, синтетизира и издигнува, на повисоко ниво, идеите на византиската цивилизација на старословенски јазик, воведувајќи го словенскиот род во семејството на цивилизирани европски народи.

Објавено во Прес

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Четврток, 28 Април 2016 14:51

                                                                  ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Ги известуваме корисниците и издавачите дека врз основа на член 22 од Статутот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Управниот одбор на 41-та седница што се одржа на 18.4.2016 год. донесе одлука за следниве измени и дополнувања на Ценовникот за користење услуги во НУ - Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје:

 

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846