Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Словенечкото здружение „Франце Прешерн“ и

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје имаат чест да

Ве поканат на дебата на тема :

„Надворешната политика на Балканот“ по повод словенечкото издание на книгата  „Балкански мегаетникум“ од проф. д-р Димитар Мирчев

Објавено во Прес

Со задоволство Ве информираме дека на 24 јуни (петок) о.г. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе бидe домаќин на петчлена делегација од Националната библиотека на Народна Република Кина, во состав: г. Чен Ли, заменик извршен директор на Националната библиотека на Кина, г-ѓа Ма Џинг, заменик директор за меѓународна соработка, г. Шје Чјанг, заменик директор на секторот за општи работи и управување, г-ѓа Ванг Јанг, заменик директор за набавка на библиотечен материјал и обработка, г. Хао Џинмин, библиотекар во  меѓународна соработка.

Објавено во Прес

Во организација на Австриската национална библиотека, на 30 и на 31 мај о. г., во Виена, се одржа 30-тата Конференција на директорите на националните библиотеки од Европа CENL (Conference of European National Libraries). Директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Скопје, д-р Иван К. Заров, ја претставуваше Република Македонија.

Објавено во Прес

Утре (31.5.2016 г./вторник), со почеток во 12 часот, во Центарот за конференции и студии ќе се одржи седмиот настан во рамки на серијата културни настани „Денови на светската книжевност“ во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Настанот е насловен „100 ГОДИНИ ДАДАИЗАМ - РАЃАЊЕ НА АВАНГАРДНИОТ РОМАН“ и ќе биде посветен на француската книжевност.

На творечките принципи на дадаистите и авангардниот роман ќе се осврне книжевниот критичар, теоретичар и писател Данило Коцевски.

Објавено во Прес

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје свечено се одбележа 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право. По овој повод, а во чест на 1100-годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски и 400-годишнината од смртта на Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, беше подготвена  богата програма.

 Во поздравната реч директорот на Библиотеката д-р Иван К. Заров, порача, дека со чествувањето на книгата се чествува колективната историска меморија на човештвото. За св. Климент Охридски истакна дека е личност која со силата на сопствениот творечки гениј ги пренесува, синтетизира и издигнува, на повисоко ниво, идеите на византиската цивилизација на старословенски јазик, воведувајќи го словенскиот род во семејството на цивилизирани европски народи.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846