Бела Ноќ во НУБ

Петок, 05 Октомври 2018 09:58

Бела Ноќ во НУБ. Изложба на обскурни текстови од скопската „црна хроника“ селектирана од весникот Скопски гласник (1928-1929), проекција на македонксиот филм „Сенки“ од Милчо Манчевски и чин на повикување духови.

 6 октомври, од 19-22 часот

Објавено во Изложби

Изложба на стрипови „Црно-бели животи"

Четврток, 04 Октомври 2018 09:09

Чест ни е да Ве поканиме на отворањето на изложбата на стриповите „Црно-бели животи", инспирирани од искуства на бегалци, а изработени во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш", имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој (Центар РЕД).
Стриповите ги креираа студенти од Факултетот за ликовни уметности и од Катедрата за општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје.
Целта на стриповите е да ја подигнат свеста за страдањата и правата на бегалците, пред сѐ кај младата публика од 15 до 30 години. 
Изложбата ќе биде отворена на 5 октомври 2018 година во 19.30 часот во НУБ „Св. Климент Охридски" – Скопје.
Во истиот простор, следниот ден, на 6 октомври, од 12-14 часот ќе се одржи работилница за стрип, наменета за деца и млади кои сакаат да се запознаат со основните чекори за креирање стрипови.

Објавено во Изложби

На денешниот свечен студентски ден, директорката Сенка Наумовска, во име на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, додели 650 членски картички за бруцошите на филозофскиот факултет.

Објавено во Прес
Страница 2 од 2

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846