Новости

Втора седница на Советот на COBISS.Net

Понеделник, 04 Декември 2017 14:37

На 30.11.2017 година во Институтот за информациски науки - ИЗУМ во Марибор, Словенија, се одржа 2. Седница на Советот на COBISS.Net, на која учествуваа претставници од НУБ и директорката Сенка Наумовска. 

Советот на COBISS.Net е основан минатата година и него го сочинуваат директорите на националните библиотеки и раководителите на нациионалните COBISS-центри од државите-членки во мрежата COBISS.Net, како и претставници од министерства и агенции одговорни за водење на системите E-CRIS.
На седницата се дискутираше за досегашните активности во врска со развојот и финансирањето на проектот COBISS.Net, можностите за нивно интензивирање, како и преземање активности за поголемо вклучување на министерствата за култура, образование и наука во развојот на мрежата COBISS.Net во секоја од земјите членки. Беа најавени активности за имплементација на нови апликации во COBISS во текот на 2018 година, апликациите COBISS+ и mCOBISS, и се разговараше за интензивирање на вклучувањето на библиотеките во мрежата COBISS.Net, со посебен осврт на школските библиотеки.

 

„Ние сме амбасадори на културата и преку нашите активности ги градиме мостовите помеѓу двете земји“ - изјавија директорката на НУБ Сенка Наумовска и Красимира Александрова, директорка на Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ од Софија, при работната посета на библиотекари од нашата земја кои се запознаа со процесите на дигитализација во бугарската библиотека како и процесот на заштита преку „аноксија“ во конзервирањето. На средбата помеѓу директорките продолжи разговорот за заедничко партнерство во меѓународните програми кој започна на „6тата конференција на директори на национални библиотеки од Југоисточна Европа“, што се оддржа во Скопје на 8 ноември.

 

 

Директорката Сенка Наумовска во посета на одделението за дигитализација на фонотечното културно наследство. НУБ и официјално започна со овој процес.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846