Новости

(22 јуни 2012 г.)

Миле Бошески и Томас Дикхаус, директорите на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и на Гете Институт, Канцеларија за врски, Скопје, потпишаа Договор за понатамошно функционирање на Германската читалница во рамките на Библиотеката. 

Во оваа пригода на директорот Миле Бошески му беше врачена благодарница во форма на плакета со ликот на Волфганг Гете во знак на благодарност за извонредната соработка и успешното функционирање на Читалницата, што беше оценето при евалуацијата на Германските читалници во Југоисточна Европа, а соопштено од Герлинде Бук, раководител на Одделот за Библиотека и информации.

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во официјална посета на Народната библиотека на Србија во Белград, 6 и 7 јуни 2012 г.

Со цел интензивирање на соработката, директорите на двете национални библиотеки, Миле Бошески и Дејан Ристиќ, потпишаа договор за соработка. На свеченоста присуствуваше и г. Љубиша Георгиевски, амбасадор на Р. Македонија во Србија. На работниот состанок се разменија идеи за реализирање заеднички проекти во повеќе домени на библиотечната и информациската дејност.
Миле Бошески имаше прием кај Предраг Марковиќ, министер за култура, информирање и информациско општество на Србија, а потоа ја посети Градската библиотека во Белград.

30  јуни - 10 јули 2012 г.

На изложбата ќе бидат поместени 30 фотографии од споменици лоцирани на просториите на поранешна Југославија (Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора). 

Свечено отворање: 30 јуни 2012 г., (сабота), 18.00 часот.
Организатор: Форум Цивилен Мировен Сервис
Место: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје
Влез слободен

Денес, во Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, г. Миле Бошески Директор на Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" која е и придружна членка на Универзитетот, оствари работна средба со Ректорот г. Велимир Стојковски, при што во знак на благодарност за тесната соработка му подари грамота на рачно изработена еколошка хартија според програмата на Младиот Свети Климентов универзитет кој веќе неколку години делува во рамките на Библиотеката.

Во разговорите се разгледаа можности за продлабочување на соработката на повеќе полиња помеѓу Универзитетот и Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" во Скопје.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846