Новости

„Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“ од авторките Александра Хорват и Даниела Живковиќ во издание на Хрватската Академска издавачка куќа е најновата книга на овие две еминентни познавачи на информациските науки. Таа претставува логично продолжение на нивната претходна книга "Библиотеките и авторското право" која можете бесплатно да ја симнете на http://darhiv.ffzg.hr/2002/ . „Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“ е од исклучителна важност за библиотекарско-информациските науки и претставува современ приказ на денешните состојби концентрирајќи се на феноменот на електронската книга и заштитата на приватните податоци на корисниците во дигиталната ера. За повеќе информации погледнете го деталниот приказ на книгата.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје и Македонски е-Библиотеки - МЕБ, со задоволство ве покануваат на презентацијата „EBSCO Publishing – новини, пристап и пребарување”

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје која за цел има заштита и претставување на културното богатсво од денес ја пушта во употреба новата преуредена страна „Средновековни словенски ракописи во Македонија“.

Американското катче продолжува со работа во модерно уреден простор. По кратка потрага за идеална локација, Катчето ќе функционира во новиот дел на Националната и универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје како партнерство меѓу Библиотеката, Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846