Новости

По повод 115-годишнината од раѓањето и 20-годишнината од смртта на една од најзначајните српски поетеси на 20-от век, Десанка Максимовиќ, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, на 9-ти октомври 2013 година, во 12 часот, ќе биде отворена репрезентативна изложба, насловена „Ви оставам само зборови...“.

Во изложбата како експонати се вклучени уникатни материјали кои се дел од оставнината на авторката и се чуваат во Народната библиотека на Србија: оригинални ракописи, белешки, концепти, први и последни верзии на текстовите, писма, лични предмети и документи итн.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Институтот „Јунус Емре“, со поддршка на Централната банка на Република Турција, извршија дигитизација на ракописите и ракописните книги од Збирката ориентални ракописи и ретки публикации на Библиотеката кои датираат од Отоманскиот период, како и конзервација и реставрација на оштетените материјали.

Учеството на НУБ „Св.Климент Охридски” - Скопје како соработник во проектот беше определено со потпишување на Протокол за соработка помеѓу Институтот “Јунус Емре” од Анкара, Република Турција и Библиотеката. Во него беа дефинирани видот, временската рамка и распоредот на активностите во рамките на проектот.

Литературно читање

Понеделник, 16 Септември 2013 09:54

Мариане Ф. Шулц
„ Die Chance, ungebrochen davonzukommen“ („Шансата да се остане нескршен и по тоа“)
Вторник, 17.09.2013 во 19:00 часот во Германската читалница

Германската амбасада и ДААД (Германската Академска Служба за Размена) покануваат во Германската читалница на литературно читање на германски јазик.

Ве известуваме дека во октомври и ноември Националната и универзитетска библиотека ќе ги одржи основните курсеви за библиотечно работење.

Доколку сте заинтересирани за учество на некој од овие курсеви, пријавете се најдоцна до 1.10.2013 г.

Тука можете да го видите Распоредот на термини и да го преземете Образецот на пријавата.

За повеќе информации јавете се на 02 / 3115 177, лок. 156.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846