Низ светот околу 1 милијарда деца се соочуваат со некоја форма на насилство. Половина од тинејџерите во светот се соочуваат со врсничко насилство во и околу училиштето.
Нашата земја не е поразлична, и тука речиси половина од децата на возраст од 2-14 години доживуваат физичко казнување во домот.
8 од 10 родители известуваат за користење насилни методи (психолошко или физичко казнување) како начин на воспитување.
Насилство меѓу врсници исто така се случува секој ден.
Насилничкото однесување исто така се случува и на интернет, каде сторителите остануваат анонимни, но последиците се катастрофални.
Ниедно дете не треба да расте со страв. Стравот ги ограничува генерациите да веруваат во себе, да градат здрави односи, и да го реализираат нивниот потенцијал.
За таа цел ве покануваме да се пријавите за Generation Unlimited - Младинскиот предизвик најдоцна до 29.10.2018 на следниот апликационен формулар: goo.gl/CWnPbY
#Краен рок за аплицирање: 29.10.2018
#Капацитет: 10 тима
#Повеќе инфо на: genunlimited.mk
Чест ни е да Ве поканиме на отворањето на изложбата на стриповите „Црно-бели животи", инспирирани од искуства на бегалци, а изработени во рамки на проектот на УНХЦР „Бегалец сега-Човек секогаш", имплементиран од Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦХРЦР) и Здружението за истражување, образование и развој (Центар РЕД).
Стриповите ги креираа студенти од Факултетот за ликовни уметности и од Катедрата за општа и компаративна книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје.
Целта на стриповите е да ја подигнат свеста за страдањата и правата на бегалците, пред сѐ кај младата публика од 15 до 30 години.
Изложбата ќе биде отворена на 5 октомври 2018 година во 19.30 часот во НУБ „Св. Климент Охридски" – Скопје.
Во истиот простор, следниот ден, на 6 октомври, од 12-14 часот ќе се одржи работилница за стрип, наменета за деца и млади кои сакаат да се запознаат со основните чекори за креирање стрипови.