Новости

Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, на 6-ти декември 2013 година (петок), со почеток во 11 часот, ќе се одржи Седмата научна средба „Свети Климент Охридски - инспирација во ликовното творештво“.

Координатор на научната средба е академскиот сликар Александар Станковски, а научни и стручни излагања ќе имаат: академскиот сликар Коле Манев, академскиот сликар проф. м-р Владимир Георгиевски, проф. д-р Анета Серафимова, д-р Сашо Цветковски и академскиот сликар Александар Станковски.

Германската читалница во Скопје, чиј партнер е Гете-Институтот, нуди можност за практикантска работа за студенти во текот на 2014 година кои сакаат да го применат своето знаење и да ги подобрат своите вештини станувајќи практиканти кај нас. Практикантската работа е доброволна (неплатена) и од практикантите се бара да работат 3 до 4 часа дневно, во текот на еден месец.

На 12 и 13 октомври 2013 година во Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ - Цетиње, под покровителство на Министерството за култура на Република Црна Гора, се одржа Втората конференција на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа. На конференцијата учестуваа директорите на националните библиотеки на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, вршителот на функцијата директор на Народната библиотека на Србија и претставници од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

„Проглас“

Петок, 01 Ноември 2013 15:51

По повод 1.150-годишнината од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Република Македонија во соработка со Словачката национална библиотека - Мартин, Република Словачка, на 28 ноември 2013 г. организираше промоција на публикацијата „Проглас“ од Константин филозоф - св. Кирил.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846