Новости

Со кинеска музика, традиционална храна и таи чи чуан во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” Скопје беше одбележана кинеската Нова година, која календарски пристигнува на 31 јануари. Настанот го организираше Институтот “Конфуциј” при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје, кој од септември 2013 кои им се придружи на комплексот едукативни центри како Германската читална и Американското катче.

Во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Скопје беа промовирани новите 60 наслови од едицијата “Ѕвезди на светската книжевност”. Досега се објавени 269 од предвидените 560 книги од капиталниот проект на Владата на Република Македонија. До крајот на оваа или почетокот на 2015 се планира заокружување на целиот проект кој почна пред две години.

Читателски клуб во Германската читалница

Понеделник, 03 Февруари 2014 16:15

Во сабота се одржа читателскиот клуб на Германската читалница. Присутните се одлучија за писателот со руско потекло Владимир Каминер, кој пишува на германски јазик, и неговата книга „Срдечни поздрави од Германија“, кратки раскази. Конверзацијата беше само на германски јазик и му благодариме на Адриан, ДААД - асистент, кој прифати да го води читателскиот клуб. На желба на присутните читателскиот клуб ќе се одржува секоја прва сабота во месецот од 11:00 до 15:00 часот. За сите оние што дојдоа малку подоцна, ве молиме да доаѓате точно во 11:00 часот. Се надеваме дека на следната средба ќе има поголема посетеност и ќе се дружиме и со оние кои имаа желба, но неможеа да присуствуваат на првата средба.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, како комесар на македонското издаваштво на 58. Меѓународен белградски саем на книгата што се одржа од 20. до 27. октомври 2013 г., на оваа најголемa манифестација во регионот посветена на издаваштвото и книжевноста, истовремено ги презентира актуелната издавачка продукција од Република Македонија и современата македонска книжевност. И првиот и вториот сегмент на претставувањето беа успешно реализирани, за што сведочат позитивните одгласи во српските медиуми и културните кругови. Македонскиот штанд го посетија голем број српски писатели и преведувачи, издавачи од Србија и од други држави, како и многумина заинтересирани љубители на книгата, меѓу кои беа и Македонци кои живеат и работат во Република Србија.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846