Новости

Од 22 до 24 ноември во Германската читалница ќе се одржи работилница за креативно пишување организирана од Здружение друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје со пријателска поддршка од Гете-Институт Канцеларија за врски Скопје. Работилницата ќе ја раководи писателката Карен Сузан Фесел. По овој повод ќе бидат поканети до 20 млади учесници кои солидно го познаваат германскиот јазик и сакаат да пишуваат на германски јазик. Учесниците треба да бидат на возраст од 16 до 24 години.

Пријавување:
Заинтересираните кандидати се пријавуваат со личен есеј. Темата е „Младите пишуваат за иднината“. Есејот не смее да биде подолг од 2 страни. Есеите треба да се испратат најдоцна до 31 октомври 2012 на следната е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака: Младите пишуваат за иднината.

До 15 ноември 2012 одбраните учесници ќе добијат покана и дополнителни информации. Есеите ќе се преработуваат во рамките на работилницата за креативно пишување под раководство на Карен Сузан Фесел и ќе се подготвуваат за печатење на публикација.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје и издавателството „Макавеј“ имаат чест да ве поканат на

ПРОМОЦИЈА на Избраните дела од Санде Стојчевски

Промотори: Катица Ќулафкова и Раде Силјан

Актерска интерпретација: Томе Витанов

Поздравни обраќања: Миле Бошески, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје
и Бранко Цветкоски, директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Промоцијата ќе се оддржи на 6 ноември (вторник), во 12 часот во просториите на НУБ

Баварската државна библиотека е една од најголемите и најреномираните истражувачки библиотеки во Европа со богати збирки ракописи и ретки книги, но и други значајни специјални збирки меѓу кои и на источноевропските јазици. Од 1997 г. во оваа Библиотека функционира еден од двата национални центри за дигитализација (Минхенскиот центар за дигитализација, MDZ - Münchener Digitalisierungs-Zentrum), кој денес е еден од најмодерните и најголемите библиотекарски центри за скенирање во Средна Европа. Со опремата за дигитализација која опфаќа скенери од различни типови и со различни функции, Центарот може да ги покрие сите големи проекти за дигитализација. Господинот Клаус Кемпф е раководител на Одделот за комплетирање и обработка на библиотечен материјал, во чии рамки функционира и „Дигиталната библиотека“.

На оваа изложба со повеќе од 20 фотографии од фотографот Манфред Фолмер од Есен ќе ја запознаете метрополата Рур. Тоа претставува урбанизирана област што е позната по рударството и индустријата за производство на челик кои што секогаш одново се откриваат: недовршени, инспирирачки и изненадувачки. Метропола во настанок. Европскиот град на културата РУР.2010 претставува мотор на овој развој.

Изложбата иницирана од РУР.2010, која во годината на Европскиот град на културата патува во повеќе светски метрополи, доаѓа во Скопје во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка во партнерство со НУБ „Св. Климент Охридски“ – Германска читалница со поддршка на Гете-Институт Канцеларија за врски Скопје.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846