Четврт настан: „На двете страни од океанот: литература по(д) диктатура“ посветен на шпанската и јужноамериканската книжевност
Како што веќе најавивме, во текот на целата 2016 година во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна издавачка продукција и од капиталните проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и други манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации. Планираните програмски активности се во функција на популаризација на македонската книжевност и на преводите од светската книжевност, на богатата и разновидна издавачка продукција во Република Македонија и на новите публикации.
На 29 март о.г (вторник) во 12,00 ч. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје организираат предавање за древната кинеска уметност „Сечење на хартија“ и демонстрација на основните техники. Осврт за историјата и значењето на оваа древна уметност ќе има Елена Дамјаноска, секретар на Институтот, додека Џанг Минџије ќе ги демонстрира основните техники на оваа уметничка форма. Настанот ќе се одржи во Центарот за конференции и студии при НУБ.
Германска читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје
Секој вторник Влез слободен
Максимален број на гледачи: 30 Резервација на места : 31 23 349
Почнувајќи од вторник, 5 април, Германската читалница, за сите љубители на седмата уметност, организира филмско попладне. Проекциите ќе се одржуваат секој вторник до крајот на мај. Влезот е слободен, но бројот на гледачите е ограничен.Одбраните филмови се од фондот за зајмување на Германската читалница, а програмата ќе биде разновидна.