Прес

OCLC - The World’s Libraries Connected

Понеделник, 25 Октомври 2010 00:00

На 22 октомври 2010 година во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа информативен семинар за OCLC - (The World’s Libraries Connected) во организација на Библиотеката и OCLC.

Швајцарскиот автор и добитник на наградата Х.К. Андерсен чита во Германската читалница
23.06. (среда), 19.00 ч.
Германски јазик со македонски превод
Влезот е слободен

 Под насловот „Среќни и несреќни случки“ Јирг Шубигер направи селекција од неколку пократки текстови кои се одликуваат со оригиналност и хумор и поттикнуваат на размислување.

Текстовите на Шубигер подеднакво се наменети за деца и возрасни.

Тоа се кратки, шеговити, понекогаш и бизарни приказни, кои се извонредно поетични и поттикнуваат на размислување.

Текстовите за ова литературно читање беа преведени на македонски јазик во рамки на заеднички проект со Катедрата за преведување и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Почитувани,

Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на Презентацијата на искуствата во процесот на дигитализација во Британската библиотека, Лондон, Велика Британија, која заради природните непогоди не се одржа во претходниот закажан термин.

Баварската државна библиотека е една од најголемите и најреномираните истражувачки библиотеки во Европа со богати збирки ракописи и ретки книги, но и други значајни специјални збирки меѓу кои и на источноевропските јазици. Од 1997 г. во оваа Библиотека функционира еден од двата национални центри за дигитализација (Минхенскиот центар за дигитализација, MDZ - Münchener Digitalisierungs-Zentrum), кој денес е еден од најмодерните и најголемите библиотекарски центри за скенирање во Средна Европа. Со опремата за дигитализација која опфаќа скенери од различни типови и со различни функции, Центарот може да ги покрие сите големи проекти за дигитализација. Господинот Клаус Кемпф е раководител на Одделот за комплетирање и обработка на библиотечен материјал, во чии рамки функционира и „Дигиталната библиотека“.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846