Прес

На 23.04 (вторник) ве очекуваме заедно да го одбележиме Светскиот ден на книгата и авторското право со почеток во 11 часот:

  • Поздравна реч на дирекорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, г. Миле Бошески
  • Читање на пораката на генералниот директор на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова

Предавање (на германски јазик со објаснувања на македонски)

Д-р Силвана Балнат

Германска читалница, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Среда, 24:04:2013, 12 часот

 Д-р Силвана Балнат студирала во Скопје и Потсдам и во 2011 година ја одбранила нејзината докторска дисертација за термините „искуство“ и „јазик“ во делото на Ханс-Георг Гадамер. Фокус на нејзината работа е херменевтиката како фундаментална филозофија на јазикот, која се смета и за централна германска научна традиција. Силвана Балнат со години се залага за распространување на основните термини и начини на размислување на херменевтиката и нивниот потенцијал за науката, истражувањето и општественото дејствување во Македонија. Нејзиниот есеј „Ко-конституција на 'јазикот' и 'искуството' во изразот 'јазично искуство'“ кој во 2009 г. беше објавен од издавачката куќа „Аз-Буки“ беше награден од Филозофското друштво на Македонија.

На 25, 26 и 27 април 2013 година, од 12:00 до 16:00 часот во Германската читалница

Здружение Друштво за македонско-германско пријателство и соработка - Скопје организира работилница за превод на германски на книгата „Побрзај и почекај“ од универзитетскиот професор Владимир Мартиновски. Работилницата ќе се одржи од 25-ти до 27-ми април 2013 година во Германската читалница. Работилницата ќе ја води лектор Маријана Ѓорѓиева, и на неа ќе учествуваат студенти од катедрите за Превод и толкување и Германски јазик и книжевност.

Проектот е организиран од членовите на здружението Друштво за македонско-германско пријателство и соработка, Александра Спасеновска и Бојана Спировска, и подржан е од Гете - Институт Канцеларија за врски Скопје.

Германска читалница, 6 април 2013, од 09:00 до 16:00 часот

Од многубројните пријави на натпреварот за краток филм на тема „Бајки од Браќата Грим“ во организација на Гете-Институт Канцеларија за врски-Скопје жирито ги одбра најоригиналните и најиновативните идеи. Нивните автори учествуваа на првиот дел од работилницата за краток филм кој се одржа на 9 март, и во чии рамки режисерот Саша Станишиќ ги запозна со основите на филмската режија. Режисерите и нивните тимови во меѓувреме имаа можност практично да ги применат стекнатите знаења и да го снимат филмскиот материјал.

На 28 март 2013, делегација од Југозападниот универзитет за финансии и економија во Шенгду, Кина во состав, проф. Дан Јанг, проректор, проф. Шижонг Денг, заменик декан на Школата за меѓународно образование и г-а Тинг Лианг, заменик директор во Канцеларијата за односи со јавност, ја посети Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје при што оствари средба со директорот Миле Бошески, на која се разговараше за можна соработка во блиска иднина. Делегацијата го посети и Домот на кинеска култура што функционира во рамките на Библиотеката.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846