Прес

Петтата научна средба

Среда, 07 Декември 2011 13:13

На 7 декември 2011 г. во Центарот за конференции и студии на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје се одржа петтата научна средба по повод патрониот празник, на темата „Иконоликот на свети Климент Охридски“. По поздравниот говор на директорот на библиотеката, г. Миле Бошески, и воведниот збор на редакторот и модераторот на научната средба, проф. д-р Ратомир Грозданоски, свои излагања имаа:

Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Скопје, од 28-30 Септември 2011 год. во Баку, Република Азербејџан,  учествуваше на Вториот Интернационален Саем на книга, организиран по повод дваесетгодишнината од возобновувањето на независноста на Република Азербејџан. На овој саем, кој беше организиран од Министерството за култура и туризам на Р. Азербејџан, освен домашните и странските издавачки куќи, посебно место имаа штандовите на Националните библиотеки од Турција, Русија, Унгарија, Словачка, Белорусија, Латвија, Молдавија, Казахстан и Македонија, кои имаа можност да ја претстават националната книжна продукција.

OCLC - The World’s Libraries Connected

Понеделник, 25 Октомври 2010 00:00

На 22 октомври 2010 година во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа информативен семинар за OCLC - (The World’s Libraries Connected) во организација на Библиотеката и OCLC.

Швајцарскиот автор и добитник на наградата Х.К. Андерсен чита во Германската читалница
23.06. (среда), 19.00 ч.
Германски јазик со македонски превод
Влезот е слободен

 Под насловот „Среќни и несреќни случки“ Јирг Шубигер направи селекција од неколку пократки текстови кои се одликуваат со оригиналност и хумор и поттикнуваат на размислување.

Текстовите на Шубигер подеднакво се наменети за деца и возрасни.

Тоа се кратки, шеговити, понекогаш и бизарни приказни, кои се извонредно поетични и поттикнуваат на размислување.

Текстовите за ова литературно читање беа преведени на македонски јазик во рамки на заеднички проект со Катедрата за преведување и толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846