На 10 март 2016 г., Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за првпат ја организираше манифестацијата „Ден на читателот“ што беше целосно посветена на читателите во Република Македонија. На овој ден, во чест на читателите, кои го одредуваат најчитаниот македонски автор се додели и наградата „Најчитан автор“.
Почитувани,
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во рамките на планираните активности за популаризација на книгата и серијата настани посветени на светската книжевност го претставува третиот настан насловен „Човекот зад митот, државата зад човекот: Шандор Петефи и унгарскиот романтизам“. Овој настан НУБ го организира во соработка со Здружението на Унгарците во Р. Македонија - Телeдом.
Мини изложба
Германска читалница Скопје при НУБ „Св.Климент Охридски“- Скопје
Висока технологија и кич, лаптоп и кожени пантолони: Германија е разновидна!
Дали е возможно Германија и германскиот јазик да се спакуваат во два куфери? Да, возможно е! Притоа има многу што да се открие: џуџиња, стаклени кугли, квиз прашања за градовите, фотографии закачени на дрво и мислења на многу луѓе, изненадувачки одговори на често поставувани прашања, тајни фиоки, мистериозна дланка, љубовни поеми, песни, куси филмови и други презентации!
Влез слободен, потребна е претходна најава на групи (Договарање на термин, PDF)
Германска читалница тел.: ++ 389 2 31 23 349
Почитувани,
Ни претставува чест и задоволство да Ве информираме дека Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, продолжува со серијата настани посветени на светската книжевност, во рамки на планираните програмски активности за популаризација на книгата.
НУБ Св. „Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје ве покануваат на вториот настан од серијата „Денови на светската книжевност“, насловен „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“, кој ќе се одржи на 29.2.2016 г. (понеделник) со почеток во 13 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ.