Прес

 Имаме чест и задоволство да ве поканиме на промоцијата на новата стручна   книга Прирачник за универзална децимална класификација од Сенка Наумовска во издание на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Промоцијата ќе се одржи на 20 април (среда), со почеток во 12.00 часот во Центарот за конференции и студии при НУБ.

Книгата ќе ја промовираат д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и проф. д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Објавено во Прес

 Втора работилница за литературен превод

МЕСТО: Германска читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ВРЕМЕ: 12-14 мај од 11:00 до 15:00 часот

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 1 мај 2016 година

 Работилницата е организирана од страна на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка – Скопје во соработка со Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.

Објавено во Прес

Пазар за размена на книги

Понеделник, 18 Април 2016 09:43

 Пазар за размена на книги

 Германска читалница

 25 април 2016, од 8 до 16 часот

По повод светскиот ден на книгата, 23 април, во Германската читалница при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје можат да се разменуваат книги.

Објавено во Прес

 Со задоволство ве информираме дека на штандот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, на Саемот на книгата, денес (18. април) во 13.00 часот ќе биде претставена новата поетска книга од Владимир Илиевски што излезе деновиве под насловот Брзината не убива. За книгата ќе зборуваат издавачот и литературен критичар Нове Цветановски и поетот, критичар и есеист Јовица Тасевски Етернијан. Авторот, Владимир Илиевски, ќе прочита избор од песните објавени во книгата.

Објавено во Прес

 Шведската писателка Селма Лагерлеф : многу повеќе од само раскажувач 

Гостин предавач – Лена Кореланд, почесен професор по компаративна книжевност од Шведска

Петтиот културен настан што Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје го организира во рамките на манифестацијата „Денови на светската книжевност“ ќе биде посветен на шведската книжевност и е насловен Шведската писателка Селма Лагерлеф: многу повеќе од само раскажувач. Предавањето ќе го одржи Лена Кореланд, почесен професор по компаративна книжевност и истото ќе биде на англиски јазик. Настанот ќе се одржи на 14 април 2016 г. (четврток), со почеток во 11:00 ч., во Центарот за конференции и студии на НУБ „Св. Климент Охридски“. Селма Лагерлеф е една од најзначајните шведски авторки и прва жена добитничка на Нобеловата награда за литература.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846