Прес

 

НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Друштвото на писателите на Македонија и Фондацијата Небрегово, ве покануваат на манифестацијата во чест на Блаже Конески и неговото дело. Ќе проследите свечено отворање на изложбата „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ подготвена од тим во библиотеката, читање познати песни од Блаже Конески од страна на членови на Друштвото на писателите и поетски пораки упатени од членови на Фондацијата Небрегово.


Во прилог Библиографија на застапените публикации од изложбата посветена на јубилејот 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

 

Објавено во Прес

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамки на Националната програма за одбележување на 2021 година - Година во чест на Блаже Конески, со неколку комплементарни активности ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на Конески, исклучително значајна личност во процесот на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, еминентен лингвист, реномиран славист, втемелувач на македонистиката на Филолошкиот факултет во Скопје, афирмиран поет, прозаист, есеист, публицист, литературен историчар, полиглот и препејувач од повеќе јазици, еден од основачите и прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија и на МАНУ.

Во чест на Блаже Конески е изработена дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ и истата е поставена на веб-сајтовите на НУБ „Св. Климент Охридски“ и на Дигиталната библиотека на РСМ. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др.

Целта на дигиталната изложба е поширока презентација на Конески и приближување на неговата поезија, проза, стручните дела и ликот во целина до јавноста, како и поттикнување на нови идеи за истражување на неговиот богат и разновиден опус. Со претставените содржини се истакнува неговата значајна основоположничка улога за современиот македонски јазик, како и неговите креативни достигнувања и остварувања. Изложбата е широко достапна преку интернет и можат да ја видат сите заинтересирани на следниве веб-сајтови:

  • www.nubsk.edu.mk (НУБ „Св. Климент Охридски“);
  • www.dlib.mk (Дигитална библиотека на РСМ).

 

Претходно, НУБ „Св. Климент Охридски“ подготви и патувачка изложба на плакати, односно на паноа, со истиот наслов „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“, која веќе беше поставена низ нашата држава во рамки на неколку настани што се одржаа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, Манифестацијата „Рацинови средби“ во Велес, Гимназијата „Никола Карев“ во Скопје и во Институтот за македонска литература, а следниот месец ќе биде поставена и во рамки на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“.

Исто така, во чест 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески е планирано во декември 2021 година да се постави и физичка изложба на библиотечни материјали од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во витрини, која ќе биде придружена со аудио и видео материјали.

Проектите од Националната програма за одбележување на 2021 година - Година во чест на Блаже Конески се реализираат со поддршка на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, а под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Објавено во Изложби

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2021

Среда, 20 Јануари 2021 14:24
Објавено во Прес

Имаме чест и задоволство да ве поканиме на свеченоста по повод патрониот празник Св. Климент Охридски, кој ќе го одбележиме на 7 декември.


11:00 Положување цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски
11:15 „Прелудио“, Јохан Себастијан Бах, изведба на виолина - Сара Панчевска
11:20 Доделување на традиционалните награди на вработените
11:45 Доделување на наградата Библиотека на годината
12:00 Перформанс „Емоции“ посветен на Блаже Конески, по повод 25-годишнината од неговата смрт, поддржан од Европската комисија во рамки на Годината на културно наследство

Режија и кореографија: проф. Кренаре Невзати – Кери
Актери: Дејан Лилиќ и Филарета Атанасова
Вокал: Александра Поповска

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846