Прес

Од 22 до 24 ноември во Германската читалница ќе се одржи работилница за креативно пишување организирана од Здружение друштво за македонско-германско пријателство и соработка-Скопје со пријателска поддршка од Гете-Институт Канцеларија за врски Скопје. Работилницата ќе ја раководи писателката Карен Сузан Фесел. По овој повод ќе бидат поканети до 20 млади учесници кои солидно го познаваат германскиот јазик и сакаат да пишуваат на германски јазик. Учесниците треба да бидат на возраст од 16 до 24 години.

Пријавување:
Заинтересираните кандидати се пријавуваат со личен есеј. Темата е „Младите пишуваат за иднината“. Есејот не смее да биде подолг од 2 страни. Есеите треба да се испратат најдоцна до 31 октомври 2012 на следната е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака: Младите пишуваат за иднината.

До 15 ноември 2012 одбраните учесници ќе добијат покана и дополнителни информации. Есеите ќе се преработуваат во рамките на работилницата за креативно пишување под раководство на Карен Сузан Фесел и ќе се подготвуваат за печатење на публикација.

Објавено во Прес

Договори за соработка со Унгарија

Среда, 19 Септември 2012 00:00

На 17 и 18 септември, Миле Бошески, директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Република Македонија, со своите соработници ја посети Националната библиотека Сечењи и Националната библиотека за странска литература во Будимпешта, Унгарија и со директорите на овие библиотеки потпиша Договори за соработка. Тоа подразбира проширување на меѓусебната соработка преку размена на стручен кадар од областа на библитекарството и информациските науки и размена на искуства, учество во меѓународни проекти и организирање културни манифестации за приближување и запознавање на културите на двата народа. Македонската Национална библиотека на двете библиотеки им подари по еден комплет од „130 тома македонска книжевност“.

Објавено во Прес

„200-годишнина од Татковинската војна“

Понеделник, 03 Септември 2012 00:00

По повод 200-годишнината од Татковинската војна, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Руската читалница подготвија изложба. Со задоволство Ве покануваме на нејзиното свечено отворање, на 5. септември, во 12.00 часот, во холот на Библиотеката.

Објавено во Изложби

Денес, во Ректоратот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, г. Миле Бошески Директор на Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" која е и придружна членка на Универзитетот, оствари работна средба со Ректорот г. Велимир Стојковски, при што во знак на благодарност за тесната соработка му подари грамота на рачно изработена еколошка хартија според програмата на Младиот Свети Климентов универзитет кој веќе неколку години делува во рамките на Библиотеката.

Во разговорите се разгледаа можности за продлабочување на соработката на повеќе полиња помеѓу Универзитетот и Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" во Скопје.

Објавено во Прес

30  јуни - 10 јули 2012 г.

На изложбата ќе бидат поместени 30 фотографии од споменици лоцирани на просториите на поранешна Југославија (Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора). 

Свечено отворање: 30 јуни 2012 г., (сабота), 18.00 часот.
Организатор: Форум Цивилен Мировен Сервис
Место: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје
Влез слободен

Објавено во Изложби

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846