Прес

Дигиталната библиотека во посета на дигиталните библиотеки во Загреб и Белград

Вторник, 30 Мај 2017 09:59

 

Дигиталната библиотека на Македонија при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје во периодот од 23.05 - 28.05 реализира посета на дигиталните библиотеки при Националната и универзитетска библиотека на Хрватска, Народната библотека на Србија и Универзитетската библиотека во Белград.

Во текот на посетата се реализираа разговори од кои произлегоа можности за соработка помеѓу дигиталните библиотеки и можноста за размена на дигитални објекти,се разменија мислења и практики за процесите на дигитализација, технички и софтверски можности и решенија, се предложи заедничка соработка и учество на проекти во Еуропеана и други можни европски проекти како и одредени други можности за соработка, како на пример: организирање на Балканска конференција за дигитализација во Охрид, проекти за Еуропеана поврзани со стари ракописи, глаголица ...

http://www.nsk.hr

https://www.nb.rs

http://www.unilib.rs

 

                                

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846