Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Д-Р НИКОЛАУС ВИРВОЛ И СИРИСКИОТ МИТРОПОЛИТ МЕЛКИ ЈУРЕК ВО ПОСЕТА НА НУБ

Петок, 31 Март 2017 10:04

Д-Р НИКОЛАУС ВИРВОЛ И СИРИСКИОТ МИТРОПОЛИТ МЕЛКИ ЈУРЕК ВО ПОСЕТА НА НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
 
Во посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје престојуваa неговата еминенција монсињор д-р Николаус Вирвол, еден од основачите и долгогодишен управник на Институтот за Источни цркви во Регенсбург, Германија и неговото високопреосвештенство, митрополитот на Адаман, Мор Григориос Мелки Јурек од Сириската православна црква. 
На состанокот на директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, д-р Иван К.
​Заров​,со​ д-р ​Вирвол​и со ​митрополитот​ Мелки Јурек, присуствуваше и деканот на Богословскиот факултет во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. 
 
На средбата се разговараше за културните и историските врски меѓу Истокот и Западот и за значењето на промоцијата на македонското средновековно културно наследство во западниот свет, со акцент на средновековните словенски ракописи од Македонија. 
 
Монсињор Вирвол беше гостин на свеченото отворање на изложбата „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“ што НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ја организираше во Ватиканските музеи по повод  20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Светата Столица. 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846