Прес

НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА ГЛАГОЛИЦА

Среда, 09 Ноември 2016 09:59

     Во рамките на проектот „Млад Светиклиментов универзитет“, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, традиционално, во текот на месец ноември 2016 година, организира т.н. „Месец на ГЛАГОЛИЦАТА“. Оваа година активностите ќе бидат дел од одбележувањето на 1100-годишнината од смртта на св.Климент.

     Како дел од активностите ќе бидат организирани повеќе креативни работилници под мотото „ГЛАГОЛИЦАТА - БУКВИТЕ КОИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД БУКВИ“ за запознавање со основите на овој сложен и повеќеслоен семиотички систем, а со цел осознавање на фундаментите на нашата национална култура и анимирање на интелектуелните и уметнички потенцијали на поединецот.

     Активностите ќе бидат збогатени и со интерактивни работилници „РЕСТАВРАТОРСКИ ТЕХНИКИ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ХАРТИЈА“ на кои учениците одблиску ќе се запознаат со Одделението за заштита на библиотечните фондови во рамките на библиотеката, а ќе имаат и единствена можност да учествуваат во процесот на конзервација и реставрација на книги и други материјали на хартија.

     Сите подетални информации за пријавување и учество во проектот можете да ги добиете на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефон 02/3115 177 лок. 161, кај одговорното лице за контакт Зорица Јаковлеска-Спировска.

       

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846