Прес

Петтиот балкански симпозиум по археометрија во Синаја, Романија

Среда, 09 Ноември 2016 09:47

     Од 25 до 29 септември 2016 година, Маја Костадиновска – конзерватор во Лабораторијата за конзервација и реставрација при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје зеде учество на петтиот Балкански симпозиум по археометрија со трудови од областа на заштитата на културното наследство. Оваа година симпозиумот, кој за првпат се одржа во 2008 година во Охрид, Р. Македонија, беше организиран во хотел „Интернационал“ во Синаја, Романија на тема Премостување на науката и наследството.

 

     На него учество зедоа предавачи од земјите на Европската меѓународна заедница, односно Австрија, Англија, Франција, Белгија, Словенија и Романија, како и претставници од балканските земји, Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Романија и Унгарија, кои презентираа трудови преку триесет усни излагања и дваесет и пет постерски презентации.

     На симпозиумот работата на Лабораторијата за конзервација и реставрација беше претставена со уснаа презентација од страна на Маја Костадиновска на тема „Декоративен исламски ракопис од Отоманско-турскиот период: Карактеризација на хартијата, датирање и конзервација“, труд кој е изработен во соработка со м-р Зорица Јаколевска–Спировска, виш конзерватор, Ирена Наумовска,  конзерватор-техничар при НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Татијана Канчевска–Смичковска, кустос од НУ Музеј на Македонија. Беше направена и постерска презентација на тема „Микро-хемиско и спектроскопско истражување на составните материјали во старопечатени црковни книги од XVIII и XIX век“, труд кој е изработен во соработка со проф. Билјана Минчева-Шукарова и проф. Орхидеја Групче (веќе во пензија) од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

      Симпозиумот беше фокусиран на современи физички и хемиски методи применети во археометријата, вклучувајќи ги и нуклеарните методи и техники, кои се користат во датирање, анализа, истражување и карактеризација на артефакти, како и нивната конзервација. Исто така бе а вклучени и избрани теми од сродните области на археологијата и историјата на уметноста.

                                

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846