Прес

НУБСК учествува во Збирките на Југоисточна Европа во Европеана (CSEEE)

Сабота, 20 Август 2016 19:14

Националната и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ -
Скопје учествува во проектот Збирките на Југоисточна Европа во
Европеана (CSEEE)
Проектот Збирките на Југоисточна Европа во Еу/Европеана има цел на
порталот на Европеана, преку Европската библиотека како агрегатор, да го
претстави дигитализираниот материјал од библиотеките кои се членки на
ЦЕНЛ, а се од земји кои не се членки на Европската унија. На овој начин дел
од културното наследство на овие земји ќе стане повидливо и подостапно
до пошироката публика која ќе може подетално да го запознае и да го
користи за свои потреби.
Проектот ќе ги прибере сите достапни дигитализирани објекти, а преку
Европеана тие ќе се дистрибуираат до крајните корисници. Покрај тоа,
проектот ќе овозможи услови за пристап до материјалот и негово
складирање за понатамошно користење во каналите на Европеана, како што
се: Europeana Music, Europeana Art History, Europeana Newspapers, Europeana
Координатор на проектот е Националната и универзитетска библиотека
Загреб, Хрватска, а учесници се националните библиотеки на Албанија,
Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Словенија, Србија и Црна
Гора. Активностите на проектот почнаа во октомври 2015, а ќе завршат на
крајот на 2016 година. Контакт лицата одговорни за реализација на
активностите учествуваат на состаноци и работилници заради пренесување
и размена на искуства. Покрај тоа, се одржуваат и онлајн/скајп состаноци
на кои се договараат следни чекори и се разрешуваат одредени нејаснотии.
Крајниот очекуван резултат е оспособување на институциите од земјите
учеснички за доставување на метаподатоците во Европеана, како и
интегрирање на нивните вредни дигитализирани збирки во богатиот корпус
на Европеана, европската дигитална библиотека, музеј и архив.
Во работната група на овој проект од Националната и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје се вклучени м-р Жаклина
Ѓалевска, раководител на Секторот Виртуелна библиотека на Македонија и
Викторија Костоска, раководител на Одделението за меѓународна соработка
и културни манифестации

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846