Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈОТ НА СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНОСТ“ ВО НУБ „СВ: КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ

Четврток, 12 Мај 2016 10:34

 

Денеска, 12 мај 2016 г., ​во 12 часот, ​во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, ќе се одбележи 65​-​годишниот јубилеј на списанието за литература и култура ​„​С​овременост“​.

Во рамки на одбележувањето ќе се обратат д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“, м-р Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник на ​„Современост​“​ и писателот и публицист Мишо Китановски.

На денешниот настан ќе бидат промовирани последниот број на списанието и библиографијата на Современост (2000-2015), а исто така ќе им бидат доделени признанија на поранешните главни и одговорни уредници Георги Сталев и Васил Тоциновски.

НУБ „Св. Климент Охридски“​ ​и ​„​Современост​“​ подготвија ретроспективна изложба за списанието​,
​која ги опфаќа првите броеви на списанието од 1951 до денес, како и документи од архивата на ​„​Современост​“​.

 

 

 

 

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846