Интерактивната изложба „Германија в куфер“ привлекува посетители од сите возрасни групи и им овозможува да дојдат во допир со Германија и германскиот јазик на еден поинаков начин. Неконвенционалната изложба опфаќа два куфери од по два дела и истите повикуваат на истражување и учење низ игра. Во првиот куфер е спакуванa темaтa „Германија и Германците“, а во вториот темата „Германскиот јазик“. Целта на изложбата пред сѐ е да се запознае Германија на духовит начин и да се поттикне желбата за изучување на гермаснкиот јазик.
Посетителите ги очекува разновидна програма за активно учество.
Работни листови за оние кои го изучуваат германскиот јазик
Вовед - Германија в куфер (PDF, 113 KB) Работен лист за квизот (PDF, 131 KB) Квиз (PDF, 153 KB) Квиз - решенија (PDF, 344 KB) Работен лист 1 (PDF, 136 KB) Работен лист 2 (PDF, 95 KB) Работен лист 3 (PDF, 150 KB) Задачи за настава (PDF, 214 KB) Работен лист за филмовите (PDF, 144 KB) Игра со џуџиња (PDF, 827 KB)
Патувачката изложба „Германија в куфер“ е финансирана од средства на германското Министерство за надворешни работи.
Изложбата ја организира Гете-Институт Скопје во соработка со Германската читалница при НУБ „Св.Климент Охридски“-Скопје.
Се радуваме на Вашето доаѓање!