Прес

Кинеско катче во НУБ Скопје

Петок, 20 Ноември 2015 14:12

   Кинеското катче функционира во рамките на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје од почетокот на 2014 г. Формирано е согласно договорот потпишан меѓу НУБ и China Hanban.

China Hanban е јавна институција на Министерството за образование на Народна Република Кина задолжена за промовирање на кинеската култура и кинескиот јазик. Формирањето на Кинеските катчиња во државите низ светот претставува нивен проект со цел другите народи да се запознаат со богатата кинеска култура и традиција и да се поттикне учењето кинески јазик. Институцијата домаќин добива донација од книги, постери, плакати и банери, го уредува Кинеското катче и  го нуди материјалот на своите корисници. Покрај тоа, во Кинеското катче се организираат промотивни активности: читање поезија, предавања за кинеската култура, обичаи итн.

 Кинеското катче во НУБ е сместено во еден агол во Електронската читалница каде секојдневно има корисници. На неколку полици изложени се книгите и промотивниот материјал. Заинтересираните корисници може да користат книги за учење кинески јазик, (за деца и возрасни), наслови од познати кинески писатели, но и книги во кои може да се прочита и да се дознае повеќе за кинеската историја, култура и наука.

http://english.hanban.org

 

                                

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846