Прес

НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА ГЛАГОЛИЦА

Среда, 18 Ноември 2015 10:21

   Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, преку проектот „Mлад Светиклиментов универзитет“, веќе неколку години го дава својот придонес во зачувување и негување на македонските традиционални вредности и пренесување на истите на идните генерации. Проектот е замислен како целина составена од повеќе  работилници,  водени од докажани професионални тимови, преку кои досега се едуцираа стотина ученици од повеќе основни училишта во градот Скопје и одреден број заинтересирани граѓани, чии дела беа презентирани на две поединечни изложби. Во изминатите неколку години, беа организирани неколку работилници, како: Работилницата за рачно производтво на еколошка хартија, Работилницата за примена на рачно добиената хартија за практични цели и Работилницата за изучување на основните елементи на глаголицата.

     Во насока на продолжување на активностите на проектот, а спроти одбележувањето на 1100-годишнината од смртта на св.Климент, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје, во текот на месец ноември 2015 година, организира т.н. „Месец на ГЛАГОЛИЦАТА“.

   Во рамките на предвидените активности ќе бидат организирани повеќе креативни работилници под мотото „ГЛАГОЛИЦАТА - БУКВИТЕ КОИ СЕ ПОВЕЌЕ ОД БУКВИ“. На нив учесниците ќе се запознаат со основите на глаголицата, како сложен и повеќеслоен семиотички систем, ќе оформат покомплетна претстава за нејзините буквеноцифрени и астрономски карактеристики, сè со цел осознавање на фундаментите на нашата национална култура, но и анимирање на интелектуалните и уметнички потенцијали на поединецот.

    Сите подетални информации за пријавување и учество во проектот можете да ги добиете на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефон 02/3115 177 л. 161, кај одговорното лице за контакт Зорица Јаковлеска Спировска.

       

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846