Прес

Камион со приказни и патување на француската книга

Вторник, 15 Септември 2015 10:23

Камион со приказни и патување на француската книга   Камионот со приказни и патување на француската книга на Татарската група Ларденоа на својата турнеја, во четвртокот на 10 септември, застана пред влезот на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ која во партнерство со Францускиот институт во Скопје беше домаќин на еден несекојдневен настан за поттикнување на читањето и изучувањето на францускиот јазик кај децата и младите.

 

   Во изложбениот салон на Библиотеката исполнет со книги, разновидни работлиници, пред учениците од повеќе училишта и градинки, наставниците и универзитетските професори, гостите од Франција, претставниците од министерствата, библиотекарите, издавачите, актерите, НВО, дипломатите, корисниците на НУБ и медиумите се обратија директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“ д-р Иван Заров, директорката на Францускиот институт во Скопје г-ѓа Изабел Марки-Барбо, а на публиката и се обрати и Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција.

   На овој книжевен саем за млади беа изложени репрезентативни книги од фондот на НУБ „Св.Климент Охридски“, на француски јазик, од најголемите светски класици на приказни за деца и басни. Директорот на театарот во градот Прива (регион Рона-Алпи, департман Ардеш) и директор на театарската трупа Ларденоа, режисерот Доминик Ларденоа и актерката Надин Деманж, по многубројните претстави ширум Франција и учеството во програмата за млади на овогодишниот Театарски фестивал во Авињон пред македонската публика (Скопје и Тетово) покажаа на инвентивен начин како се создава љубов кон читањето.
Оваа културна активност беше повод во нашата држава да допатува и познатиот ТВ водител од канал ТВ5 Monde Иван Кабаков кој го сними настанот во нашата Библиотека, како и програмите во ОУ Димитар Миладинов и во Градот Тетово, што ќе се емитуваат на овој интернационален франкофонски канал што се гледа во повеќе од 257 милиони домови ширум светот.
Координатор: Елена Никодиновска

YOUTUBE LINK

 

           

                                

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846